Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: битолчанец “фатен“ дека вози без возачка

В  текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 21 возачи за безобѕирно управување возило, од кои 13 возеле без возачка дозвола. Еден возач без возачка дозвола е од Битола. 

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.