Одиграни се натпреварите од четвртиот универзитетски турнир во тенис УКЛО ОПЕН КОЛОРС 2026. На 9 и 10 јуни 2026 г. дваесетина учесници ги „одмерија силите“ во две категории: студенти и наставно – административен кадар.
Првиот ден беше посветен на натпревари во групи, а вториот ден од спортската манифестација беше резервиран за полуфиналните и финални натпревари.
Најдобри во категоријата студенти се: Божидар Георгиевски – Правен факултет, Душица Ристова – Педагошки факултет и Васко Костески – Економски факултет.
Најдобар пласман меѓу наставно-административниот кадар покажаа професорите од Правниот факултет: Младен Караџоски и Ице Илијевски и ректорот на УКЛО, Игор Неделковски.
Суштината на УКЛО ОПЕН турнирот покрај натпреварувачките елементи е пред се дружење и рекреација. Одржувањето на УКЛО КОЛОРС тенискиот турнир претставува и директна поддршка на спортот како трајна патека за градење способности и вештини кај студентите и вработените на Универзитетот.
И оваа година, турнирот во тенис помина во знакот на КОЛОРС Алијансата, а натпреварите понудија квалитет со што, оваа спортска манифестација веќе има своја препознатливост. Следното, петто издание на турнирот, се очекува да биде збогатено со учество на најдобрите тенисери на универзитетско ниво во нашата земја, а постои можност УКЛО ОПЕН КОЛОРС да прерасне и во меѓународно натпреварување.

Одржан УКЛО ОПЕН КОЛОРС 2026 (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Државниот студентски дом “Кочо Рацин“ – Битола подготвен да ги прими студентите и оваа студиска година
- Концерт на квартетот “Пелагонија“ на платото кај Офицерски
- СВР Битола: напад со тврд предмет, нарушен ред и мир, обид за физички напад, приведен возач кој возел возачка
- КУД “Илинден“ Битола со второ место на Светски натпревар по автентичен фолклор во Турција
- Објавени конкурсите за академската 2026/2027 година на УКЛО Битола





