На 11.06.2026, полициски службеници при СВР Битола лишија од слобода две лица на возраст од 30 и 51 година, двајцата од Битола, постапувајќи по претходна пријава дека на ул. „Цветан Димов“ во Битола го нарушиле јавниот ред и мир под дејство на алкохол, а потоа физички нападнале полициски службеници кои преземале на службени дејствија. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 11.06.2026 во 00:30 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода 40 годишник од Битола, постапувајќи по претходна пријава од 10.06.2026 во 23:40 часот дека физички ја нападнал неговата 34 – годишна вонбрачна партнерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 10.06.2026 во 20:46 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул. „Стале Попов” во Битола настанал пожар на паркирано товарно возило „мерцедес” со битолски регистарски ознаки. Повредени лица нема, а екипа од Територијалната противпожарна единица Битола го изгаснала пожарот. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.






