Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: малолетничко насилство, семејно насилство, физички напад, приведување за марихуана

На 12.06.2026 во 00:10 чaсот во СВР Битола, Д.В. (43) од Битола пријавил дека неговиот малолетен син на градското шеталиште во Битола бил физички нападнат од друг малолетник, при што се здобил со повреди. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 11.06.2026 во 22:45 часот во СВР Битола, Б.А. (25) од Битола пријави дека на бул.„1 Мај“ во Битола бил физички нападнат од лице, при што му биле  нанесени и повреди. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 11.06.2026 во 22:50 часот на ул. „Филип Втори Македонски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода 44 годишник од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 11.06.2026, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода 35 годишник од Битола, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 34 -годишна сопруга,  при што ѝ нанел повреди. По целосно документирање на случајот  ќе следува соодветна пријава.

More from ВестиMore posts in Вести »