Press "Enter" to skip to content

Зелени денови на Пелистер за учениците од Новаци!

Преку трипартитна соработка помеѓу АД ЕСМ, ЕСМ хотел “Молика“ Битола и Општина Новаци, 150 ученици од прво до деветто одделение од ЦОУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци, имаат можност за дводневен престој на чист воздух во преубавиот амбиент на Хотел „Молика“. Оваа заедничка иницијатива носи повеќекратен бенефит – децата да се дружат и да творат во природа, родителите да здивнат, а Пелистер да одекнува од детска радост и смеа.Со цел поттикнување на здравјето и психо-физичкиот развој на учениците, директорот на Термоелектрани при РЕК “Битола“, Никола Кузмановски, истакна дека е чест да се продолжи оваа долгогодишна пракса.-Како општествено одговорна компанија, АД ЕСМ во чии рамки функционираат РЕК “Битола“ и хотел “Молика“ секогаш се труди да биде двигател на заедницата и поддршка во разни области од секојдневниот живот. Свесни за предизвиците, ја препознаваме потребата да го ставиме фокусот на младите генерации, нивното здравје, образование, дружење и градење на вистински вредности, рече Кузмановски.Стевче Стевановски Градоначалник на Општина Новаци, денеска ја пречека првата група од 75 дечиња и им посака незаборавен престој и убави спомени.

-Оваа активност е уште еден доказ за успешната и континуирана координација меѓу општината и АД ЕСМ во интерес на локалната заедница, рече градоначалникот Стевановски.Втората група од 75 ученици со нетрпение го очекува своето тргнување кон Пелистер оваа среда!

More from ВестиMore posts in Вести »