На 15.06.2026 во 11:00 часот, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода 44 годишна жена од с. Нижеполе, битолско, затоа што се однесувала агресивно кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на настанот против неа ќе следува соодветен поднесок.
На 15.06.2026 во 16:55 часот од ул. „Брегалница” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода 26 годишник од Битола. Според пријавеното, тој се заканувал со остар предмет на неговиот сосед на возраст од 45 години затоа што го пријавил дека неговото куче го нападнало и повредило. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.






