Press "Enter" to skip to content

Кон најновото издание на ПОГОН, успешен Саем за математика, наука, технологија, инженерство и уметност (фото)

-Под боите на Европската универзитетска алијанса КОЛОРС по трет пат се одржа Саемот за математика, наука, технологија, инженерство и уметност ПОГОН.Настанот во организацијана Техничкиот факултет – Битола обедини ученици од основното и средното образование –  со студенти, наставници, истражувачи и претставници на бизнис-заедницата.Според професорката Елена Котевска, благодарение на воспоставената платформа  –  младите умови и STEAM таленти ги претставуваат своите идеи, проекти и вештини пред стручна публика и пред целата јавност.Саемот традиционално се одржува како мост што ги поврзува училиштата и факултетите со сите релевантни чинители, отворајќи врати за соработки во форма на стипендии, вработувања или спонзорирани истражувања.Водена од сознанието дека се помал е интересот кај младите луѓе за студирање на техничките и природните науки, кои се погон на секое општество што се стреми да биде во тек со современиот технолошки развој, таа истакнува дека:-Сакаме преку интересна презентација на примената на овие науки восекојдневниот живот и стопанството, да ги предизвикаме оние кои досега воопшто не се занимавале или интересирале за природни или технички науки, заради тоа што сметале дека се тешки, неинтересни, досадни или комплетно неупотребливи во реалниот живот.Најновото извание на ПОГОН опфати дводневни активности. На 5.6.2026 г. се одржа натпреварувачкиот дел, на Технички факултет – Битола со претставување ученички проекти. Реализирани се и тимски натпревари по математика и физика и Панел дискусија за состојбите во формално STEAM образование.Настанот продолжи на 6.6.2026 г. во CoSpace во СИЦ при УКЛО, со ревијален и едукативно-забавен дел.Целодневнната манифестација е заокружена со доделување награди за постигнатите резултати на регионалниот натпревар по математика за учениците од четврто и петто одделение, како и наградите освоени на државните и регионални натпревари по физика, хемија и биологија. https://www.instagram.com/listen2ussswithnoela?utm_source=qrАкадемската раководителка на УКЛО КОЛОРС, проф. д-р Ренаната Петревска Нечкоска посочува дека ПОГОН, по трет пат се потврдува како неверојатен спој на основци, средношколци, ментори, волонтери, универзитет, родители, партнери и бизниси. Настанот  е посветен на промоција на иновативно образование, соработка и европски вредности со што, УКЛО како суштествен чинител од Алијансата КОЛОРС продолжува активно да придонесува во трансформацијата и развојот на европскиот образовен простор, меѓународната соработка и современите образовни пристапи – принципи околу кои се обединети и поврзани девет европски универзитети.Оценка е дека УКЛО КОЛОРС одржа уште еден успешен настан на кој младите умови и таленти ги претставија своите идеи, проекти и вештини пред стручна публика и пред пошироката  јавност, преку промоција и развој на STEAM културата кај младата популација со што се помага во развивање и унапредување на свесноста за нејзината општествена важност.