Денес, сабота, 20 јуни, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 31 степен.
Утре, недела, 21 јуни, во Битола, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен северозападен ветер. Температурата во Битола до 32 степени.






