СВР Битола поднесе кривична пријава против 56 годишник од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на право од работен однос“.
Пријавениот, како директор на Јавното претпријатие „Стрежево“ – Битола, во периодот од февруари 2023 до 29.06.2023 во три наврати извршил промена на работното место на едно лице спротивно на одредбите од Законот за административни службеници, Законот за работни односи и Правилникот за систематизација на работните места.






