Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: паднале од “мотор“ тешко се повредиле, физичка пресметка на Баир

На 20.06.2026 во 11:10 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат 
 Ѓавато Тополчани, 58-годишниот С.К. од Битола, управувајќи мотоцикл со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговата сопатничка С.К. (52) од Битола, констатирани во Клиничка болница Битола.  Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола. 
       
На 19.06.2026 во 20:36 часот во СВР Битола, Д.М. пријавил дека во населба Баир во Битола, С.Џ. (44) од Битола се здобило со тешка телесна повреда при физичка пресметка. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.