Press "Enter" to skip to content

Во Битола ќе се задржи нестабилно време, температурата до 29 степени

Денес, среда, 24 јуни, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, ќе се задржи нестабилно време со дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата во Битола до 29 степени.

Утре, четврток, 25 јуни, во Битола времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата во Битола до 32 степени.