Последиците од 30 годишната негрижа за улицата “Дебарска“ во Битола денес се очигледни. Оваа локална самоуправа, согледувајќи ги опасностите, уште пред 2 години започна со подготовка на документација, а сега и со реализација на проектот за комплетна реконструкција на инфраструктурата на улицата „Дебарска“ согласно Програмата за развојни планови и согласно склучениот договор со Министерството за транспорт, а со средства од унгарскиот кредит од вториот владин повик.
Градежните активности започнаа на првата делница на „Дебарска“, од улицата „Димитар Влахов“ до улицата „Илинденска“.
За реконструкција на мешовитата канализација на дел од улицата вкупната сума на средства е 12.148.109 денари, за реконструкцијата на водоводната линија на дел од оваа улица предвидени се 4.991.136 денари, а реконструкцијата на коловозот ќе чини 20.146.392 денари.
Должината на улицата која се реконструира е околу 1 километар.






