-Пред 10 години, во јуни 2016 година, во конаците на манастирот “Св. Илија“ кој се наоѓа во близина на селата Полчиште и Бешиште се одржа основачко собрание на здружението за одржив развој на Мариово, со трите дела, битолски, прилепски и кавадаречки, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајден на битолското новинарство.
-Ова здружение е формирано по иницијатива на Ристо Паргов, вљубеник во Мариово со потекло од Полчише, кој реши пензионерските денови на ги поминува во Битола, од мене Ристе М. Николоски и неколку други ентиузијати, а секако заедно со вас кои сте тука повеќе од педесетмина. Се надевам дека ова здружение ќе заживее и сите ќе имаме прилика да дадеме придонес во развојот на Мариово.
-Нема да биде ни малку лесно, да се дојде до реализација на ни мал дел од она што го имаме ние, денес како идеја, но да се обидеме. Никоја идеја не започнала со готово решение туку со желба за решение, ќе каже тогаш Ристо Паргов, на основачкото собрание, кој за жал почина пред шест години.
До сега, како деновиве не информира сектетарот Горан Саздов, има околу 400 проекти кои се подготвени за развој на Мариово.
-Имаме проекти но како и што рековме на основачкото собрани пред 10 години тешко е да се реализираат. Се надеваме дека дел од проектите ќе заживеат и ќе бидат започнати со започнувањањето на изградбата на браната и хидроцентралата “Чебрен“ на Црна Река, вели претседателот Ристе М. Николоски.

Деновиве пред 10 години: основано здружение за одржлив развој на Мариово, досега изработени 400 проекти (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Започна првото издание на “Чкембе фест Битола 2026“, готвачи од Македонија, Турција и Унгарија утре ќе прават чкембе чорба (фотогалерија)
- Битола ја добива манифестацијата која и прилега “Чкембе фест“
- Деновиве пред 10 години: Во Новаци примовирана мобилна туристичка апликација (фото)
- Деновиве пред 10 години: пробивање и комплетна инфраструктура на “Широка“ во Битола (фото)
- Црвениот тепих во Битола на затворањето на “Браќа Манаки“ низ објективот на Дамијана Ристевска (мега фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: битолчани во сообраќајка кај Крушје, приведување за возење без возачка, нападната малолетничка
- УКЛО Битола на меѓународната конференција „Crossing Boundaries and Disciplines“ во Израел
- Во Битола сончево, попладне можни врнежи
- Започна првото издание на “Чкембе фест Битола 2026“, готвачи од Македонија, Турција и Унгарија утре ќе прават чкембе чорба (фотогалерија)
- Еурофарм Пелистер го победи Куманово во Битола









