Press "Enter" to skip to content

Шумарски експерти од Гетинген, од институцијата во која работел Аугуст Гризебах, во посета на НП “Пелистер“ Битола

-Експертите од Научно-истражувачкиот институт за шумарство од Гетинген, Германија доаѓаат од истата институција во која што претходно работел и германскиот ботаничар Аугуст Гризебах кој првпат ја открил моликата на Пелистер во 1839 година.

Националниот парк “Пелистер“ Битола деновиве го посетија експерти од Хесен Форст – Државна шумарска служба од Хесен, Германија, Научно-истражувачкиот институт за шумарство од Гетинген, Германија и Факултетот за шумарски науки Пејзажна архитектура и екоинженеринг – Ханс Ем“, при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопјe, во рамките на иницирање соработка помеѓу овие институции и Националниот парк “Пелистер“.

Целта на посетата беше зачувување на шумските генетски ресурси, идентификација на соодветни семенски насади и одржливо снабдување со шумски репродуктивен материјал од молика, македонска ела, дабови и други дрвни видови од Македонија до Германија.

Експертите од овие три институции ги посетија насадите од молика и македонска ела во националниот парк “Пелистер“ и заедно со претставниците од националниот парк “Пелистер“ разменија искуства за мерките за конзервација на шумските генетски ресурси, одгледувачките мерки и репродуктивниот материјал од овие дрвни видови во паркот.

Се очекува соработката со овие институции од Германија да се интензивира при што Националниот парк Пелистер ќе биде партнер во идните активности за конзервација на шумските генетски ресурси и примената на одгледувачките мерки и можност за остварување на посета на претставниците од паркот во заштитените подрачја во Хесен, Германија и размена на искуства.

More from ВестиMore posts in Вести »