Press "Enter" to skip to content

Мултимедијалален перформанс „A tree is a tree“ во “Окованделија“ – новиот алтернативен уметнички простор во Битола (фотогалерија)

Во “Окованделија“, новиот алтернативен уметнички простор кој се наоѓа во поранешната фабрика “Прогрес“ во Битола пред голем број љубители на уметноста беше отворен мултимедијалниот перформанс “A tree is a tree“ во кој беа вклучени четворица уметници од Македонија и Италија, Васко Ѓеоргиев, Омрета Долгиоти, Фиамета Белати, а перформанси се создадени од Клаудија Пиколо, Пако Вескови, Нувола Роси и Пакоо Вескови.Изложбен простор “Окованделија“ беше буквално претворен во шумски лавиринт, со кој се бара од публиката активно учество за да си го пронајде патот низ изложбата. Покрај изложените слики и инсталации, ќе има и сценско-театарски настап од нашите гости од Италија, со партиципација на публиката. Во сценскиот настап има танц елементи, како и театарски елементи.Изложбата е интерактивна, а посетителите треба активно да ја навигираат, и ќе имаат можност да остават белег врз изложбата.За отприлика 30-тина луѓе (од околу 100-тина што се појавија на отворањето), искуството доби малку поинаква димензија со тоа што се најдоа “врзани“, во некоја рака одбрани во перформансот со светлосното јаже на изведувачите. Многу интересна ситуација беше тоа – беше нарушен некој преќутен декорум помеѓу луѓето во кој мислам дека не беа ни свесни ни самите дека се ангажираат. Интересно беше да се набљудува сето тоа. Некој не го издржа притисокот на затегнувањето на светлосното јаже – и излезе од „избраните“. Некој пак влезе во директна танц интеракција со изведувачите. Дури и оние што само набљудуваа некако се чувстуваа вовлечени во изложбата.Отворањето продолжи понатаму во „комуналната зона“ на галеријата каде што нашироко и надолго се разговараше за уметноста и за перформансот – конверзации кои ретко се случуваат во ова споулавено време. Аудио-визуелниот уметник од Савона, Италија Пакоо Вескови, гостин во Окованделија понуди во изедба во живо. -Пред да стане форма на експресија, музиката за мене претставува начин да ги разберам и апсорбирам чувствата. Почнува со потрага по необичното: желбата повторно да го откријам чувството на восхит во секојдневните места и едноставните моменти. Изведбата во живо -концертот- е моментот кога внатрешното се продолжува надвор од мене и станува заедничко. Визуелниот дел во моите настапи е еднакво важен како и звукот. Фигурите, претставени од актери, не се карактери во класична смисла, туку го портретираат актот на Потрагата и чувството на несигурност што доаѓа со тоа. Тие не ни’ нудат решение- живеат со сомнежот, доживуваат промени и продолжуваат со барањето. Немирот и неизвесноста што произлегува од овој начин на размислување не го гледам како нешто негативно, туку како важен дел од мојот процес на творење, ќе каже Вескови.Во текот на изведбата  уметникот создаде дијалог помеѓу звукот и сликата. Видеото не е само придружен елемент, туку начин за продолжување на имагинацијата која ја започнува тонот.-Луѓето, поготово ние тука во Битола, малку сме десензитивизирани на зборот “перформанс“, затоа што во минатото се користел да се опише секаков вид на поставка што не е просто пасивна изложба. Буквално перформанс нарекуваме изложба + проекција, или изложба + музика. Затоа сега кога ќе рече човек за некој настан дека е „мултимедијален перформанс“, никој реално не знае што да очекува, порачаа организаторите пред изложбата.Самиот концепт е неверојатно прогресивен во смисла на организација на уметничка изложба, и е повеќе нешто што седи на средина помеѓу изложба, театарска претстава и музички концерт. Затоа имеше и каде де се седне и понешто да се напие, се на се еден нов “мајндсет“.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »