Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведен возач возел со 1.78, промили алкохол, приведување за нарушување на ред и мир, тешко повреден млад возач на мопед

На 11.07.2026 во 01:11 часот на ул. „Новачки Пат“ во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Ј.Р. (60) од Битола. При контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле возило „волксваген“ со битолски регистарски ознаки  управувано од Ј.Р. при што констатирано било дека истиот го управувал под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1.78 промили алкохол во крвта. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 11.07.2026 во 00:30 часот од ул.„Козјак” во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода С.А. (26) од Битола бидејќи го нарушувал јавниот ред и мир. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 10.07.2026 во 18:51 часот во СВР Битола пријавена е сообраќајна несреќа на крстосница меѓу бул. „1ви Мај” и ул. „Јоргов Камен” во Битола помеѓу патничко возило „мерцедес” со битолски регистарски ознаки управуван од А.К. (50) од Битола и мопед со битолски регистарски ознаки управуван од Е.А. (20) од Битола. По несреќата возачот на мопедот со возило на Итна медицинска помош Битола била пренесена во Клиничка болница Битола каде констатирани и биле тешки телесни повреди. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »