На 12.07.2026 во 02:15 часот битолчанка пријавила дека во градскиот пазар во Битола од страна на Б.У. била полово вознемирувана при што, истиот ја допирал по телото. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 11.07.2026 полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.К. (58) од Битола. Имено, според пријавеното истиот ден во СВР Битола, А.Н. (46) од Битола пријавил дека додека работел во неговиот двор од страна на соседот А.К. му биле упатени закани по што истиот почуствувал удар во раката и по кратко време почнала да тече крв. Од страна на доктор констатирани биле повреди. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 11.07.2026 во 19:15 часот на локален пат за с. Смилево, демирхисарско Н.Т. од Битола го нарушувал јавниот ред и мир и притоа ги омаловажувал полициските службеници. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 11.07.2026 во 19:35 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул. „Г.Васко Карангелевски“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа” со битолски регистарски ознаки управувано од К.С. (79) од Битола и мотоцикл „џонвеј” со битолски регистарски ознаки управуван од Ж.В. (62) од Битола. По несреќата возачот на мотоциклот со возило на Итна медицинска помош Битола бил пренесен во Клиничка болница Битола каде од страна на доктор констатирани му биле тешки телесни повреди. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.
На 11.07.2026 во СВР Битола било пријавено дека од резервоар за гориво на градежна машина-булдожер лоцирана во индустриската зона Новаци, општина Новаци одземени биле 400 литри нафта. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 11.07.2026 во 21:45 часот на ул. „Јорго Османо“ во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Ѓ.В. (41) од Битола. При контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле мопед без регистарски ознаки управуван од Ѓ.В. при што констатирано било дека го управувал без да поседува возачка дозвола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 11.07.2026 во 21:35 часот на ул. „Димитар И. Мурато“ во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Ф.К. (18) од Битола. При контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле мопед со битолски регистарски ознаки управуван од Ф.К. при што констатирано било дека истиот го управува без возачка дозвола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 11.07.2026 во 21:00 часот на „Прилепска“ во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Ф.И.(18) од Битола. При контрола во сообраќајот полициите службеници сопреле мопед со битолски регистарски ознаки управуван од Ф.И. при што констатирано било дека не поседува возачка дозвола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 11.07.2026 во 21:00 часот на ул. „Димитар И. Мурато“ во Битола полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода 17- годишен малолетник од с.Новаци, општина Новаци бидејќи истиот бил затекнат како управува мопед без да поседува возачка дозвола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.






