Во Битола во рамките на “Битфест 2026“ премиерно беше прикажан музичко документарниот филм “Софија Кочевска-55 години кариера” која својата музичка кариера ја овековечи со документарен филм, кој нејзиниот придонес во македонската музичка култура и наследството што го остава зад себе.
Автори на филмот се Дејан Младеновиќ и Шенол Мемиш, се снимаше на неколку локации во Битола, а во него, покрај Софија Кочевска, за нејзината кариера зборуваат нејзините долгогодишни соработници – композитори и музичари.
Филмот е посветен на богатото творештво и повеќедецениската музичка дејност на една од најпрепознатливите македонски музички уметници и претставува емотивно патување низ 55 години исполнети со музика, песни, настапи и посветеност, прикажувајќи ја животната и професионалната приказна на Софија Кочевска.
На проекцијата присуствуваа љубители на македонската музика, пријатели, колеги и почитувачи на ликот и делото на Софија Кочевска. Настанот беше дел од Битфест 2026 во режија на истакнатиот документарист Шенол Мемиш. Камера Дејан Младеновиќ.
Премиерата помина во позитивна и емотивна атмосфера, во одредени мигови со смеа, во одредени со по некоја солза.
Филмот за Софија Кочевска е четврт документарен филм на Младеновиќ и Мемиш.

Промовиран музичко документарниот филм “Софија Кочевска-55 години кариера” (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Од полноќ дизелот поскапува за 5,50 денари, а бензините за 1,50 денари
- СВР Битола: пријави за физички напад, за упатувани закани, приведен возач без возачка, пронајдена стара граната
- Александар Стојков е нов играч на Еурофарм Пелистер 2!
- Битолски театар со премиера на “Охридско лето“ и Верона со претставата “Кориолан“
- Во Битола сончево со умерена облачност, температурата до 32 степени
More from КултураMore posts in Култура »
- Битолски театар со премиера на “Охридско лето“ и Верона со претставата “Кориолан“
- Бимилк станува партнер на НУ Народен театар – Битола за поддршка на културата и уметноста
- Врачена наградата „Мето Јовановски“ на лауреатот Тони Наумовски од Битола на фестивалот “Преку езерото“
- Годинава најдолгите „Илинденски денови“, 56. издание од 14 до 31 јули во Битола
- Мултимедијалален перформанс „A tree is a tree“ во “Окованделија“ – новиот алтернативен уметнички простор во Битола (фотогалерија)









