Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: пријави за физички напад, за упатувани закани, приведен возач без возачка, пронајдена стара граната

На 13.07.2026 во 00:55 часот во СВР Битола Р.Б. (61) од Битола пријави дека на ул. „Козара “ во Битола  бил физички нападнат од А.П. (48) од Битола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.07.2026 во 18:45 часот во СВР Битола Т.Ч. (59)  и Л.Ч. (52),  двајцата од Битола пријавија  дека од страна на И.Ч., кој е брат на Т.Ч.,  им биле упатувани закани. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 12.07.2026 во 17:00 часот на ул.„Новачки Пат “ во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода М.Д. (19) од с.Логоварди, битолско. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Д., при што констатирано било дека тој не поседува возачка дозвола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 11.07.2026  во 10:54 часот во СВР Битола Б.Б. (46) од с.Меџитлија, битолско,  пријави дека при изведување на градежни активности во  атар на село Меџитлија, пронашол граната. На 12.07.2026 од страна  на  пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола утврдено е дека се работи за  артилериска  гранати  75 мм  од  Првата светска  војна, која била безбедно подигната.