Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведувања за возење без возачка на автомобил и мопеди, нарушување на ред и мир, пронајден стара граната

На 13.07.2026 во 21:15 часот на ул. „Козјак“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода  А.Р. (21) од Битола. При контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле  возило „бмв“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.Р., при што било констатирано дека тој нема возачка дозвола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
 
На 13.07.2026 во 19:20 часот на ул. „8 Септември“ во Битола, полициски службеници го лишија од слобода В.Т. (18) од с. Карамани, битолско, бидејќи бил затекнат како управувал мопед без да поседува возачка дозвола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
 
На 13.07.2026 во 16:30 часот на ул. „Партизанска“ во Битола, полициски службеници го лишија од слобода  К.Ѓ. (20) од с. Бистрица, битолско, бидејќи бил затекнат  како управувал мопед без да поседува возачка дозвола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
 
На 13.07.2026 во 15:50 часот на ул. „Мордо Нахмијас Лазо“ во Битола, полициски службеници го лишија од слобода Г.Ш. (33) од Битола, бидејќи го нарушувал јавниот ред и мир. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
 
На 13.07.2026 во СВР Битола е пријавено дека во близина на патот с. Могила – с. Радобор, била пронајдена артилериска граната. Од страна на Дирекцијата за заштита и спасување гранатата била безбедно подигната, при што било утврдено дека станува збор за артилериска граната од Првата светска војна.
More from ВестиMore posts in Вести »