Press "Enter" to skip to content

Голем, јубилеен концерт на Борче Наумовски- Министерот во Битола, во Хераклеја

-Специјални гости на концертот се Татјана Стефановска, Даниела Темелковска, Марјан Коцев, Кате и Трајче Соната и маестро Кирил Стојчевски со големиот оркестар, а водителка ќе биде Ирена Спировска.

Денес во Офицерски дом прес конференција одржа сстрадниот уметник Борче Наумовски- Министерот пред неговиот голем концерт кој ќе се одржи во Хераклеја на 22 јули.

Наумовски пред новинарите ги каже деталите за претстојниот солистички концерт со кој го одбележува јубилејот – 30 години успешна кариера на естрадата, а со возбуда и емоции рече:-Подготовките за овој амбициозен проект траат веќе повеќе од половина година. Ова е најголемиот роденден во мојата кариера – 30 години постоење на естрадата.  Бидејќи славиме три децении, сè ќе биде во знакот на бројот 30 – ќе имаме 30 тапани на сцена, 30 играорци, па дури и на миксетата ќе отвориме точно 30 канали за музичарите, а очекувам околу 3.000 луѓе во публика, што е сериозна бројка за наши услови.

Желбата на целиот тим е концертот да се одржи под отворено небо во магичниот амбиент на античкиот локалитет “Хераклеја“, но доколку времето не дозволи, настанот ќе биде преместен во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола.

Борче Наумовски карирерата ја започнува до 1997 година, а досега има издадено четири студиски албуми. Неговата прва касета е во продукција на тогашната Македонска радио-телевизија, а го најави и новиот проект, новиот албум the best of me, 30 години на естрадата собрано се во едно.

-Пред месец дена имам нов видео запис „Моја љубов, моја судбина“ – така ќе го насловам и мојот албум, вели “Министерот“.
На концертот ќе се појави и големиот оркестар кој ќе го придружува Наумовски во живо, а на чело на него ќе биде  професор Кирил Стојчевски, долгогодишен соработник и близок пријател на пејачот, кој на пресот рече:

-Нас нè поврзуваат многу работи и со Борче се чувствуваме како браќа. За мене е огромна чест што низ годините се консултира со мене за неговото творештво. Имам напишано повеќе песни за него, а дел од нив публиката ќе ги слушне на претстојниот концерт. На сцената ќе бидеме во состав од 17 изведувачи од сите музички секции – вклучувајќи гудачи, дувачи, хармоники, гитари и придружни вокали.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »