Press "Enter" to skip to content

Заврши “Фестивалот на хармониките“ во Битола – промовиран студиски албум “Балкански жубор“ на проф. д-р Јове Кекеновски (фото+видео)

Вечерва на последната, трета фестивалска вечер на “Фестивалот на хармониките“ во Офицерски дом во Битола беше промоцијата на најновиот студиски албум на проф. д-р Јове Кекеновски, насловен “Балкански жубор“, во издание на “ПГП РТС“ од Белград, Србија. Промоцијата беше во придружба на групата “Фонтана“.На промоцијата присуствуваше и зборуваше за новиот албум на Кекеновски, Марко Милутиновиќ – одговорен уредник на “ПГП РТС“ од Белград, кој рече:-Посебно се радувам на оваа промоција која се одржува во Битола, а го промовираме најновиот студиски албум на проф. д-р Јове Кекеновски, насловен “Балкански жубор“. По подолго време во нашата издавачка куќа, која има издадено досега 200 илјади албуми, имаме изведувач, уметник од Македонија. Ова се случува по 35 години, а се надевам дека со овој албум ги отвораме вратите за македонските изведувачи. За професорот Кекеновски не треба многу да се зборува, бидејќи тој како светски првак во хармоника, и победник во Србија е доста познат во овие кругови. Се надевам дека ова нема да биде негово единствено издание, туку ќе ја продолжиме соработката и за втор, трет албум.За мотивот и за албумот проф. д-р Јове Кекеновски рече:-Не беше лесно да се вратам на хармониката по подолга пауза, но ете се случи тоа за време на “локдаунот“ во кој се најдовме сите. Посебно сакам да се заблагодарам на моето семејство кое го “издржа“ постојаното повторување на некои тонови во моето вежбање, но не беше залудно. Сега пред мене и пред вас го имаме најновиот албум “Балкански жубор“. Посебна благорадност упатувам кон проф. Кирил Стојчевски, мој голем пријател, кои ме водеде во монтажата. Секако му се заблагодарувам на група “Фонтана“ кои се со мене и со вас оваа вечер, тие се прекрасни музичари. По 35 години се сними албум за големата продукциска куќа “ПГП РТС“ од Белград, и очекувам и други уметници да го направат тоа. Што се однесува за албумот “Балкански жубор“ нема да зборуваме туку ќе ве оставам да уживате во неговата содржина, која за прв пат ќе ја слушате вечерва.-Сакам да напоменам дека за првпат од осамостојувањето на Република Македонија, “ПГП РТС“, една од најстарите и најреномираните музички продукции на Балканот, објавува албум со инструментална музика на македонски автор и изведувач. Станува збор за признание што не се однесува само на мојата работа, туку претставува и значајна афирмација на македонската инструментална музика и на македонската култура во регионални рамки. Покрај мојот научен и публицистички опус, со оваа промоција го афирмирам и моето уметничко дејствување како светски првак на хармоника и промотор на македонската и балканската музичка традиција, додаде Кекеновски.Директорот на “Фестивалот на хармониките“ – Сашко Савевски не го криеше задоволството за тоа што на завршната вечер го имаме концертот на проф. Кекеновски и додаде:-Ме радува што на ваков начин го завршуваме фестивалот. Имавме годинава три светски прваци во хармоника, а за идното издание во 2027 година ветуваме дека ќе имаме пет светски прваци во хармоника.

-Посебно за заблагодарувам на тимот на “ПГП РТС“ кои денес пристигна во Битола, преку Берлин и Охрид за да бидат дел од нашиот фестивал и да го промовираат албумот на проф. Кекеновски. Мило ни е што еден ваков виртуоз на хармоника како што е проф. д-р Јове Кекеновски е дел од “Фестивалот на хармониките“, додаде Савевски.Пред присутните се обрати и проф. Кирил Стојчевски кој се присети на неговите почетови пред 35 години како мал хармоникаш, кој се воодушевувал на изведбите на Кекеновски на хармоника и тогаш ја имал и првата средба со него.-Пред 35 години како на мал хармникаш професорот несебично ми ги даде првите совети како да бидат добар хармоникаш, кои јас се уште ги почитувам и ги спроведувам во свирењето на харминика. Тоа што тогаш тој несебично ме советуваше, а не мораше тоа да го направи само кажува каков човек е тој. Сега сме големи пријатели и соработници и се надевам дека ќе имаме уште многу настани од ваков тип, рече Стојчевски.

На концертот настапи и младиот хармоникаш Димтриј Стојчевски кој ја воодушеви бројната пувблика во Офицерски дом.Модератор на промоцијата беше Тања Шикиќ – портпарол на Радио телевизија Србија / РТС.Инаку, на 11. по ред “Фестивал на хармониките“ на првата фестивалска вечер настапи и пред битолската публика се претстави со спектакуларен концерт на проф. д-р Илчо Јованов со неговите студенти од УГД – Штип. На втората вечер настапи  Џорџе Кристивојевиќ – светски првак на хармоника за 2025 година.

“Фестивалот на хармониките“ е дел од “Битфест“.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »