Синоќа во Новаци, во одлична атмосфера, убава забава и многу насмеани и задоволни посетители и гости синоќа беше отворено петтото, јубилејно издание на “Фестивалот на жетвата Новаци 2026“ кој го отвори градоначалникот на Новаци – Стевче Стевановски, а присуствуваше и министерот за земјоделство, Борче Серафимовски.
Вечерва ќе биде вториот ден на “Фестивалот на жетвата Новаци 2026“ со културно уметничка програма која започнува со водените лудории на Кловнот Заги и урнебесна забава на замоците на дување за најмладите. Потоа ќе настапи група “Фаворити“, Татјана Стефановска и Благојче Стојановски – Туше.
Во 22:30 часот ќе се одржи извлекување и доделување на вредните награди од наградната игра подготвена од компаниите кои ги изложуваат своите производи на “Фестивалот на жетвата“ а кои се наши долгогодишни поддржувачи и партнери.

Во Новаци отворен “Фестивалот на жетвата“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Јован Дојчиновски – сопственик на “АБЦ Дојчиновски“: подготвени влегуваме во оваа грејна сезона со потребните количини пелети
- Во Битола промеливо облачно, температурата до 16 степени
- “КС Групација“ ја реализираше 19-тата крводарителска акција во Битола
- Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на “ауди“
- Во Битола се одржа манифестацијата посветена на руралната жена





