-На прославата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Битола беше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, кој нагласи дека довербата не е сопственост на ниту една политичка партија, на ниту една личност, таа е позајмена од граѓаните, а најголемата опасност за ВМРО-ДПМНЕ не се противниците, туку самозадоволството.
Во Пациото на Завод и Музеј во Битола Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Битола со свечена академија, Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола вечерва одбележа 36 години од своето формирање. На јубилејната прослава присуствуваа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски, генералниот секретар Дрган Ковачки, пратениците од Битола – Силвана Ангелевска, Олга Лозановска и Пеце Милевски, Влдиката Петар, целото раководство на АД ЕСМ, дел од дипломатскиот кор во Македонија предводени од амбасадорот на Австрија, како и почесните конзули на Франција и Црна Гора во Битола, членови, ветерани и поранешни партиски фукционери, членови на УМС и симпатизери на партијата.
По тој повод пред присутните членови на партијата се обрати претседателот Христијан Мицковски, кој прво на сите битолчани им го честита роденденот на општинскиот комитет, на сите кои се или биле дел од партијата ВМРО-ДПМНЕ, при што рече:
-Роденденот не е само време за спомени и благодарност, туку и момент за искрено да се погледнеме меѓу себе. Роденденот на ОК ВМРО-ДПМНЕ во Битола не е само уште една годишнина во партискиот календар, туку потсетник на долгогодишната политичка борба, Битола не е обичен град на политичката карта на Македонија. Верувам во Битола затоа што знам колку сила, талент и достоинство има во луѓето на овој град. Нашите најдобри денови не се зад нас, туку пред нас, доколку останеме блиску до народот, доколку не дозволиме функциите да нè променат и доколку секоја победа ја сфатиме како нова обврска. Да продолжиме заедно, обединети, храбри и одговорни, за Битола која расте, за Македонија која победува и за иднината што сме должни да ја изградиме.
-Ако постои една лекција што ја научивме низ сите изминати години, тогаш тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ е најсилно кога е обединето. Ниту една функција, ниту една позиција и ниту едно лично несогласување не може да биде поважно од довербата што ни ја дава народот. Нашата сила никогаш не била во поединците, туку во заедништвото и чувството дека припаѓаме на нешто поголемо од нас самите. Довербата не е сопственост на ниту една партија и ниту еден политичар, таа е позајмена од граѓаните и трае само додека работиме чесно, посветено и одговорно. Нашата победа има вистинска смисла само ако ја претвориме во подобар живот за граѓаните во нови работни места, повисоки плати и пензии, подобро здравство и образование, посилни институции и држава во која успехот зависи од трудот, знаењето и чесноста.
На присутните им се обрати и новиот претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Горан Исков, кој ја искористи можноста да се заблагодари на претседателот Мицковски и Извршниот комитет за довербата да го води Општинскиот комитет во Битола.
-Денес го славиме денот, 17 јули, денот кога е формиран ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола. Општинскиот комитет се луѓето – сите досегашни членови, активисти и симпатизери кои несебично го вградија својот труд и енергија во оваа победничка приказна. Затоа сакам да искажам благодарност до претходниот ОК и до сите општински комитети во изминатиот период. Мене посебно ми е чест да го водам ОК, и ме обврзува да надградувам, да постигнувам подобри резултати и да го заштитам интегритетот на секој член, секој активист и секој граѓанин на Битола. Општинскиот комитет ќе ги поврзува сите месни комитети, телата на партијата, членството и граѓаните на Битола. Сите заедно е градиме партиски ставови и го слушаме членството, будно слушајќи го гласот на секој поединец. Затоа од овде упатувам јавна отворена понуда за соработка со сите граѓани и ветување дека ќе ги користи сите начини во концептот за модерно функционирање на Општинскиот комитет, во време кога политиката бара нов и поинаков пристап – брза реакција, непосредност и лидерство.
-ВМРО ДПМНЕ е посветено на новата визија за Битола и нејзините граѓани и сме подготвени за постојано присуство меѓу граѓаните. Како локална структура ја имаме целосната поддршка од Владата, што веќе се гледа преку финансирањето на бројни важни проекти за нашата општина. Ќе бидеме постојано присутни меѓу народот и бараме од вас да нè коригирате во слабостите и пропустите – затоа што само така ќе бидеме уште подобри. Ако сакаме повисок квалитет на живот за сите, постои само една вистинска опција, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ, порача Исков.

Уште многу родендени и многу големи победи за ВМРО ДПМНЕ и за Битола, беше порачано од Свечената академија.
Текст и фото: Сашо Ристевски






