Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: во сообраќајка повредени две жени на моторцикл

На 17.07.2026 во 18:25 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосницата од   ул. „Филип 2 Македонски” и ул. „Благојче Силјановски” во Битола, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд” со битолски регистарски ознаки, управувано од 29 годишник од Битола и мотоцикл со битолски регистарски ознаки, управуван од 39- годишна жена од Битола.

Во несреќата жената возач на мопедот се здобила со тешки телесни повреди, а нејзината сопатничка 39 од Битола со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница- Битола.

Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »