Денес, недела, 19 јули, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и многу топло. Попладне услови за нестабилност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата во Битола до 36 степени.
Утре, понеделник, 20 јули во Битола времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата во Битола до 36 степени.






