На 19.07.2026 во 05:09 часот во СВР Битола, Н.М. (60) од Битола пријави дека на ул. “Борис Буџевски“ во Битола настанал пожар во куќа. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Битола, при што нема повредени лица. Увид изврши увидната екипа на СВР Битола.
На 19.07.2026 во 00:30 часот на патот Битола -Ресен, полициски службеници го лишија од слобода Д.С. (30) од Австрија. При контрола во сообраќајот, полициски службеници сопреле возило „ауди” со струшки регистарски ознаки, управувано од Д.С., при што констатирано било дека е под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,54 промили алкохол во крвта. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 18.07.2026 во 23:50 часот во СВР Битола, С.А. (34) од Битола пријави дека на ул. “Мирче Ацев“ во Битола нејзиниот малолетен син бил физички нападнат. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.






