Денес, вторник, 21 јули, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните и вечерните часови можност за нестабилност со пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 35 степени.
Утре, среда, 22 јули, во Битола времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има ислови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 30 степени.






