Press "Enter" to skip to content

КУД “Илинден“ Битола со второ место на Светски натпревар по автентичен фолклор во Турција

Културно уметничкото друштво „Илинден“ од Битола освои сребрен медал на светскиот фолклорен натпревар „World Folk Dance competition“ во Истанбул, Турција, како и парична награда од 3.000 долари во категоријата автентичен фолклор.

На светскиот фолклорен натпревар во Истанбул, ансамблот на КУД „Илинден“-Битола настапи со сценската адаптација „Русински мегдан“ подготвена од м-р Љупка Стефановска, орото „Машка копачка“ и женската песна „Седело Ѓуре дос“.

На натпреварот учествуваа 41 фолклорна група, од кои 21 се натпреваруваа во категоријата автентичен фолклор, а 20 во категоријата стилизиран фолклор. Во оваа силна меѓународна конкуренција, првото место го освои Република Башкортостан (Русија), а третото место му припадна на Црна Гора.

-Ова признание е потврда дека македонската песна, игра и традиција продолжуваат достоинствено да се претставуваат и да оставаат силен впечаток на меѓународната сцена, објавија од КУД “Илинден“ Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »