УКЛО Битола ги објави конкурсите за запишување на прв, втор и трет циклус студии, со што и официјално започнува новиот уписен циклус. Идните студенти од Битола и од целата држава од денеска можат да се информираат за условите за запишување на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола за упис во академската 2026/2027 година.
https://uklo.edu.mk/
На прв циклус додипломски студии може да се запишат вкупно 2115 од кои 1074 места се во државната квота, 612 со кофинансирање и 429 за вонредни студии. Пријавувањето на кандидатите во првиот уписен рок ќе се реализира во деновите: 18, 19, 20 и 21.08.2026 г. на 9, 10 и 11.09.2026 за вториот уписен рок и третиот на 23 и 24.09.2026 година.
Конкурс за запишување на прв циклус студии:
https://uklo.edu.mk/
Конкурс за запишување на втор циклус студии:
https://uklo.edu.mk/
Конкурс за запишување на трет циклус (докторски студии):
https://uklo.edu.mk/
Од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола ги повикуваат сите заинтересирани кандидати навреме да ги разгледаат конкурсите, студиските програми и можностите што ги нуди УКЛО и како членка на Алијансата КОЛОРС https://uklo.edu.mk/
Преку оваа европска универзитетска алијанса, УКЛО со повеќе од 4.000 студенти – е дел од академска заедница што поврзува над 120.000 млади луѓе од девет европски универзитети. Со учеството во КОЛОРС, УКЛО овозможува заедничко градење и унапредување на европските вредности во високото образование, како и нови можности за меѓународна соработка, мобилност и академски развој.






