Press "Enter" to skip to content

Влатко Миладиноски: со огромно задоволство го чекаме моментот да музицираме на древнире камења во Хераклеја

-Пред концертот на Влатко Миладоновски во Хераклеја Битола разговаравме за подготовките, очекувањата, за македонската музика, за Хераклеја… за која тој вели дека е нашиот роден град во буквална смисла на зборот.

На 29 јули Ве очекува голем концерт во Античкиот театар Хераклеја. Колку Ви значи што токму во овој магичен простор ќе ја споделите Вашата музика со публиката?

-Пред се Битола, кој што е нашиот роден град во буквална смисла на зборот и најтесно поврзан со нашите  животни и музички почетоци, а секако и самиот локалитет, сето тоа е од неизмерна важност за нас и со огромно задоволство го чекаме моментот да музицираме и да прозвучат нашите песни на тие древни камења.

Публиката веќе со нетрпение го очекува концертот. Што ќе биде поразлично од Вашите досегашни настапи?

-Секогаш вметнуваме нови изненадувања кои не ги откриваме пред концертите…На сцената ќе бидете придружувани од оркестарот на Вашиот брат Златко Миладиноски. Колку е посебно чувството кога музиката ја создавате заедно како семејство?

-Со Златко сме една целина! А тоа е и поентата на нашиот живот. Фамилијарната љубов кон Македонија и се што родила како плод оваа прекрасна земја!

Дали подготвувате музички изненадувања, нови аранжмани или специјални гости за битолската публика?

-Како и секогаш одредени песни ќе бидат со нови аранжмани, и песни посветени за Битола.

Вашите песни со години ги пеат сите генерации. Што мислите дека е тајната поради која тие остануваат актуелни?

-Претпоставувам, нивната природност, искреност и  едноставност.Народната песна денес има голема конкуренција од современите музички жанрови. Како да ја зачуваме и приближиме до младите?

-Народната песна е нашата органска музика! На секој македонец и секој што живее тука. Секоја друг музика или жанр, без разлика на кој јазик, не може да биде примарна освен  македонската, народната! По природен пат.

Кога ќе застанете пред илјадници луѓе, што е првата емоција што ја чувствувате – трема, возбуда или одговорност?

-Едноставно, уживање!Кој момент од Вашата кариера досега би го издвоиле како најемотивен?

-Кај мене емоцијата работи на високо ниво и јас се кршам и на мали моменти… Можеби најсилното е кога ќе видам или чујам како мали дечиња ги пејат моите песни, а тоа се случува доста често на мое огромно задоволство.

Ако треба да издвоите една песна која најмногу Ве опишува како човек, која би била и зошто?

-Досега не сум се претставил самиот себе во нидена песна, иако многу емоции сум ги доживеал на сопствена кожа… Некој пред да ги снимам, а некој и многу години одкако сум ги снимил.

Велите дека македонската песна е дел од Вашиот живот уште од најрана возраст. Дали денес чувствувате уште поголема одговорност кон тоа музичко наследство?

-Ова нашето веќе го доживувам како мисија.-Хераклеја има посебна атмосфера и акустика. Колку ваков историски амбиент влијае врз емоцијата и интерпретацијата на сцената?

-Тоа ќе го донесе самиот момент… Не би знаел од сега каква емоција ќе ми разбуди. Едвај чекам да видам.

По концертот во Битола, што следува? Подготвувате ли нови песни, албум или нови концертни проекти?

-Освен нови песни и музички проекти секако дека следуваат нови концерти кои што ние ги најавуваме по завршениот наш концерт.

И за крај, како би ја поканиле публиката со една реченица да биде дел од оваа музичка вечер во Хераклеја?

-Бидете дел од ова  музичко востание. Се гледаме на 29 јули на Херклеја.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »