СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Т. (47) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената должност и овластување“. Пријавениот, во својство на управител на правно лице од Новаци, на 29.05.2023 и на 29.12.2023 склучил договори за привремено вршење на услуги во однос на јавни набавки за вкупен период од 19 месеци со вработена на која работниот однос во правното лице било со решение за мирување на работен однос од 02.05.2023, и покрај тоа што во правниот субјект биле вработени две лица со валидни сертификати за лица за јавни набавки. На тој начин пријавениот го оштетил буџетот на правниот субјект во износ од 549.060 денари.
СВР Битола поднесе кривична пријава против Ј.Б.С. (37) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Во ноември и декември 2025 година, пријавената неовластено набавувала амфетамин и го препродавала на корисници во Битола, а при преглед кај неа бил пронајден и одземен амфетамин.






