Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведени возачи за возење без возачка и со забрана за возење

На 25.07.2026 во 00:57 часот на ул.„Македонска Фаланга“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода С.С. (19)од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.С., при што било констатирано дека го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,53 промили алкохол во крвта. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

 
На 25.07.2026 во 03:25 часот на ул. „Никола Тесла“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Б.П. (35) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возило „бмв” со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.П., при што било констатирано дека го управувал со активна мерка забрана за управување на моторно возило. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.