На 24.07.2026 во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода две лица на возраст од 35 и 29 години, двајцата од Битола.
Тие се сомничат дека истиот ден извршиле тешка кражба во маркет на ул. „Север-југ” во Битола, при што украле околу 30 штеки различни цигари. При претрес во домот, кој го користеле, било пронајдено украденото и било вратено на сопственикот.
По дополнително преземени мерки било констатирано дека Ѓ.З. бил баран по потерница поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Прилеп, од каде понегнал и каде што издржувал затворска казна. Тој бил спроведен во установата за издржување на казна затвор од осум месеци.
По документирање на настанот ќе следуваат соодветни поднесоци.






