На 26.07.2026 во 18:30 часот во СВР Битола, Н.Т. (52) од Битола пријавил дека на ул.„Девеани“ во Битола, 28 годишник од Битола му се заканувал со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 26.07.2026 во 14:45 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Битола – Пелистер, 41-годишната И.Ѓ. од Битола, управувајќи четирицикл, изгубила контрола и се превртела. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила И.Ѓ., констатирани во болницата во Битола. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.






