Press "Enter" to skip to content

27 годишна битолчанка дала поткуп за уверение за стручен испит и станала деј дел од стоматолошката афера во која се најдени 100 илјади евра

На 27.07.2026, Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против три лица.

27 годишна жена од Битола заради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „давање награда за противзаконито влијание“ по член 358-а ст.2 в.в. ст.1, 56 годишник од Гостивар за „примање награда за противзаконито влијание“ по член 359 ст.2 в.в. ст.1 и 63 годишник од Скопје за „примање поткуп“ по член 357 ст.1 од КЗ.

Од страна на полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал извршени се претреси кај второ и третопријавениот при што се пронајдени и одземени парични средства во износ од 65.280 евра 29.840 франци и 161.500 денари.

Пријавената битолчанка како студент на Стоматолошки факултет со намера да се стекне со Уверение за положен стручен испит на здравствени работници со високо образование од областа на стоматологијата, во декември 2025 година по повеќекратна комуникација преку на платформата Вибер, на пријавениот професор на Стоматолошки факултет и поранешен потпретседател на Стоматолошка комора му дала награда во вид на парични средства кои му ги префрлила на неговата банкарска трансакциска сметка.

Парични средства му биле дадени со цел истиот да изврши влијание кај пријавениот  во својство на Претседател на Комисијата за полагање на стручен испит на здравствени работници со високо образование од областа на стоматологијата при Министерството за здравство, при што пријавената битолчанка во декемвриска испитна сесија полагала на 17.12.2025 пред формираната комисија и без да го поседува потребното знаење се стекнала со Уверение за положен стручен испит.

More from ВестиMore posts in Вести »