ЈЗУ Клиничка болница Битола денеска пред премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Сашо Клековски промовира нова медицинска опрема и инвестиции во здравствената установа. Премиерот го пречека директорката Ненси Лозанче и нејзиниот тим, како и пратечките Олга Лозановска и Силвана Ангелевска, градоначалникот на Битола – Тони Коњановски, претседателот на Советот – Бојан Бојковски, претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола – Горан Исков…
За време на посетата Лозанче и Клековски го информираа премиерот Мицкоски и за идните инвестиции во болницата, како и за потребата од натамошна владина поддршка за модернизација на установата.
Директорката Ненси Лозанче ги информираше за нововоспоставените соработки со институции од државата и се заблагодари на Владата и на премиерот Мицкоски за набавката на нов дигитален рендген-апарат, кој, како што рече, ќе биде од големо значење не само за Битола, туку и за пациентите од целиот југозападен регион.
-Клиничка болница Битола прва во Македонија започна со соработка со Универзитетската клиника за онкологија и радиотерапија. Наместо нашите пациенти со малигни заболувања да патуваат до Скопје за третман, прегледи и контроли, сега еднаш неделно, понекогаш и повеќе пати, доктори од клиниката доаѓаат.
-Во изминатиот период во болницата се реализирани 82 нови вработувања, 10 лекари се на приватна специјализација, а во установата се вработиле и специјалисти кои претходно работеле во приватниот и јавниот здравствен сектор, рече Лозанче за новите вработувања.
Министерот за здравство Сашо Клековски истакна дека регионализацијата на здравствениот систем мора да добие конкретна содржина, а не да остане само концепт на хартија.
-Драго ми е што искусни доктори специјалисти дојдоа да работат во Битола, а очекуваме и нови кадри. Следниот чекор е дополнително екипирање на болницата и децентрализација на уште повеќе здравствени услуги. Наскоро и терапијата за пациентите со мултипла склероза, која досега се примаше исклучиво во Скопје, ќе биде достапна и во Клиничката болница во Битола, со што значително ќе се олесни лекувањето на пациентите од југозападниот дел на земјата.
Премиерот при посетата на Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола изврши увид на реконструираните одделенија и набавената нова медицинска опрема, а потоа изјави:
-Би сакал да кажам дека здравството е еден од врвните мои лични приоритети, но и приоритети на Владата. За жал, тоа е процес којшто бара време, бара енергија, трпение, но најмногу од сè бара пари, затоа што тоа што е уништувано со години, да бидам попрецизен со децении, за жал преку ноќ не можеме да го исправиме. Како Влада оваа година рекордно издвојуваме повеќе од 1 милијарда евра за здравството и потребите на граѓаните за здравствени услуги. Морам да признаам дека сè што можеме да направиме од страна на Владата во периодот што помина и тој што следи ќе го направиме.
–Ова е само почеток, целта ни е целосно би рекол реновирање. Одиме чекор по чекор до екипирање и од човечки капацитет, но и од оној другиот преку опрема, апаратура неопходни за да се дадат здравствените услуги на граѓаните, она што им е потребно. Досега успеавме дел од тоа што недостасуваше да го обезбедиме, но и отсега со несмалена динамика ќе продолжиме во таа насока, рече премиерот Мицковски и додаде:
-Јас би сакал да се заблагодарам на сите вработени тука, на директорката, на министерот, на Фондот за здравство и здравствено осигурување, за сето трпение коешто изминатиов период го имаа. Нè очекуваат предизвици уште поголеми во периодот којшто следи, но ние како Влада сме цврсто ориентирани да направиме современо здравство коешто ќе одговори на потребите на граѓаните во било која смисла. Така работевме ќе повторам досега, така планирам и понатаму да работиме.

Премиерот Мицковски и министерот Клековски во посета на Клиничка болница Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- КК Пелистер го доведе и Лука Савиќевиќ
- „Ткајачи на филм“ е темата на визуелниот идентитет на 47. издание на фестивалот ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола
- Крушево е европскиот центар на параглајдингот: 130 пилоти од 38 земји летаат за европска титула
- СВР Битола: приведен велешанец за обљуба на швеѓанка, пријави за физички напади,
- Асфалтиран пристапнио пат до манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Новаци





