-Со вечер на интернационална музика и игра исполнета со прекрасна музика и изведби, на Платото пред Офицерскиот дом во Битола, свечено беше затворено 56. издание на фестивалот „Илинденски денови“.
-Најдолгото издание на најстариот фолклорен фестивал во земјата – под слоганот “Точка на поврзување“ каде и годинава традицијата зборуваше низ чекор, песна, носија и уметност со над 1.300 учесници, 35 ансамбли и фолклорни групи, повеќе од 77 настани, коцерти, изложби, филмови и работилници ја исполнија Битола со живот, енергија и убавина.
Синоќа во Битола, на платото пред Офицерски дом во Битола заврши 56. издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри “Илинденски денови” со прогласувањето на најуспешните фолклорни групи, културно-уметнички друштва и ансамбли, со присуство на градоначалникот на Битола – Тони Коњановски, пратеничката Олга Лозановски, дел од почесните конзули…
Како и на отворањето, така и на затворањето како домаќин на гостите се обрати и градоначалникот Тони Коњановски рече:
-Да се биде во Битола во овој период од годината е навистина посебно доживување и посебна чест, како за граѓаните така и за гостите, за нашите драги иселеници и сите добронамерници на градот. За нас како добри домаќини е привилегија тоа што секоја година уживаме во песната, играта и фоклорот. Тоа привилигегија бидејќи боите и душата на домашниот и светскиот фолклор одекнаа од најубавите фестивалски сцени, почнувајќи од Офицерски дом, Широк сокак, безистенот, магазата и се до старата битолска чаршија. Годинава го имавме историски најдолгото издание на републичкиот фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“ кој има и интернационална димензија со нашите пријатели од десетици земји од светот. Секоја проекција имаше ново патување, а интернационалниот етнографски филмски фестивал не не однесе смо во различни земји туку и во различни начини на живот, обичаи и човечки приказни.
-Најдобриот начин да се празнува е токму преку културно уметничкиот израз кој поврзувал и одржувал. Тоа уште еднаш потврдува дека како Македонци и како битолчани ги продолжуваме традициите на нашите претци пренесувајќи им порака на младите генерации за нивната обврска да продолжат да го почитуваат делото на двата Илиндена и сите кои ги дале своите животи за денешната слобода во која само низ културно издигнување можеме да продолжиме да го трасираме патот на напредокот.
Директорот на Центарот за култура Битола, Сашо Илковски рече:
-Во изминатите денови Битола беше вистинска точка на поврзување, град во кој се сретнаа различни народи, јазици, традиции и култури. Град во кој музиката, играта и песната станаа универзален јазик на пријателство. Сакам искрено да им се заблагодарам на сите учесници од Македонија и од светот што ја донесоа својата традиција во Битола и со нас ги споделија своите песни, игри и обичаи. Верувам дека учесниците кои деновиве беа во Битола ќе заминат дома носејќи дел од Македонија во своите срца, а со себе ќе понесат нови пријателства, нови спомени и желба повторно да се вратат. Така живее традицијата, така живее фестивалот.
Посебни награди деа доделени на групите од странство кои настапија на последната интернационална вечер.
Жири комисијата во состав д-р Владимир Јаневски, д-р Родна Величковска, д-р Мирјана Мирчевска, д-р Беким Рамадани и доцент м-р Кристијан Николовски на седницата одржана на 30 јули ги додели наградите најуспешните фолклорни групи, културно-уметнички друштва, ансамбли и поединци.
За најуспешна група што презентираше традиционална музика и игра беше прогласена женската група “Теута“ од Тетово. За најуспешна група што презентираше староградска музика и игра беше прогласен ансамбл “Вања Лазрова” од Скопје. За нови содржини испирирани од изворните е прогласен ансамблот “Орце Николов“ од Скопје.
За најуспешна вокална извидба е изведбата на Марија Добриновска од КУД “Јане Сандански“ од Неготино. За ансамбл со најкомплетна изворна носија е ансамбло “Цветови“ од Дедино.
Честа прв да настапи на последната фестивалска вечер ја имаше, како и на отврањето, КУД “Илинден“ од Битола, а по него настапија и гостите од Холандија, Унгарија, САД, Венецуела…
-Со чувство на гордост и благодарност оваа вечер го затвораме 56 издание на „Илинденски денови“, но не ја затвораме приказната затоа што секој крај е почеток на ново поврзување. Благодарам што бевте дел од оваа приказна затоа што Битола е градот, а „Илинденски денови“ е фестивалот, а заедно сме точка на поврзување, беше речено на завторањето.
Текст и фото: Сашо Ристевски
[ngg src=”galleries” ids=”2940″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ order_by=”filename”]











