Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево и топло, температурата до 36 степени

Денес, недела, 2 август, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошките работи, времето ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Температурата во Битола до 36 степени.

Утре, понеделник, 3 август, во Битола времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен, а во источните делови од северозападен правец. Температурата во Битола до 36 степени.