Press "Enter" to skip to content

Тешка сообраќајка пред Битола, верижен судир на 4 возила, 8 лица хоспитализирани

Тешка сообраќајна несреќа се случи пред 9 часот на мегистралниот пат Битола – Прилеп, а во верижниот судир учествувале четири возила. 

Веднаш по добиената пријава, на терен излегле екипи на СВР Битола, Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Битола и Службата за итна медицинска помош.

Во несреќата има осум повредените лица со тешки телесни повреди кои  биле пренесени во Клиничка болница. Едно лице поради сериозноста на повредите веднаш е внесено во операциона сала, а пет лица се во Одделението за хирургија, додека двајца се хоспитализирани на Одделението за ортопедија,  во стабилна состојба, но под постојан и интензивен лекарски надзор.

Патниот правец Битола – Прилеп и понатаму е затворен за сообраќај во двата правци, бидејќи на местото на несреќата во тек е детален увид предводен од полициски екипи на СВР Битола и надлежен јавен обвинител.

More from ВестиMore posts in Вести »