Press "Enter" to skip to content

Изложба на графичари од Полска “ТОПОС“ во галерија “Ранко Струмениковски“ во Битола (фотогалерија)

Во галеријата „Ранко Струмениковски“ во Битола вечерва беше отворена изложбата насловена “ТОПОС“ на полски графичари и е дел одистражувачкиот проект “Простори на уметноста: Природа – култура – човештво“. Изложбата е во соработка со Институтот за ликовни уметности, факултетот за уметност и образовни науки во Чешчин, универзитетот Шлезија во Катовица, галеријата “Ранко Струмениковски“ од Битола и Меѓународното графичко триенале Битола.За изложбата пред присутните зборуваше галеристор д-р Драган Ристевски рече:-Современата полска графика е една од најпечатливите и воедно навлиателните уметнички пројави во светот во втората половина на XX век. Уметниците од Краковската графичка школа се нарепрезентативните претставници кои воедно се добитници на бројни меѓународни признанија и награди од оваа област. Значајно е да се нагласи традиционалната соработка и учество на бројни полски графичари на Меѓународното графичко триенале во Битола во последниве четири децении за што голем придонес има и раководителот на Битолското Триенале, графичарот Владо Ѓорески.Изложба “ТОПОС“ на графички дела од 10 познати и признати уметници од Шлескиот универзитет кои пред битолската и македонската публика се претставуваат со нивното најново графичко творештво на убав начин ќе го богатат ликовниот живот во нашава средина.Во Галеријата “Ранко Струмениковски“ се претставени делата на уметниците Адам Чех, Агнешка Јаворска, Кацпер Кошчиолек, Мацие Рекосиевич, Марија Антонина Мазурек, Ришард Пилеш, Викторија Качмерек, Анета Садовска, Кшиштоф Паштула, Јустина Стефањчик, Хана Гржонка – Карвачка, врвни уметници од различна генерации, а нивни заеднички именител е истражуване на непознатиот ликовен говор.Ликовниот тритичар Владо Ѓорески на отворањето на изложбата рече:-Изложбата “ТОПОС“ не е ни случајна ниту како дел од некакви проекти кои што се повеќе ги заменуваат изложбените активности во кои суштинската меѓучовечка и креативната соработка се заменува со одредени плански конструкции најчесто кои што имаат друга мотивација, подалелу од творештвото. Меѓународното графичко триенале во Битола, повеќе од триесет години, активно и постојано соработува со полскиот графички универзум, кој што е еден од најзначаните во светот. Таа соработка започна уште од времето кога Виктор Скулич го оформи графичкото триенале во Краков како едно од најзначаните во светот заедно со Љубланското биенале. Од првото Триенале до денес, учеството на полските графичари на оваа манифестација е исклучително, со над 500 автори од сите генерации.Оваа изложба е почеток на подолготрајна соработка, е своевидно миле за 2027 година во која ќе се реализира 12 графичко триенале во Битола, но, значано и единствено, во тоа случување ќе биде и објавувањето на единствената и специфична голема монографија и учеството на полските графичари на Битолското графичко триенале. Вклучувањето и на галеријата “Ранко Струмениковски“ има исто така значајна улога во проширувањето и зголемувањето на оваа соработка и низ повеќе насоки, додаде Ѓорески.Изложбата насловена како “ТОПОС“ се одржува како дел од истражувачкиот проект „Простори на уметноста: Природа – култура – човештво“. Проектот овозможува конфронтациа мегу различни креативни пристапи, естетика и културни искуства, создавајќи простор за дијалог меѓу уметници од различни средини.Уметничката и академска група “Уметнички простори“ е составена главно од уметници и предавачи од Институтот за ликовни уметности при Универзитетот во Шлезија во Чешин, поканети гости, како и студенти и алумни, овозможувајќи создавање кохереозен, повеќе гласен наратив за изложбата.Изложбата насловена како “ТОПОС“ претставува дела од областа на графиката, цртежот и колажот, кои произлегуваат од размислуването за современото разбиране на пределот ТОПОС.

Ж. Ристевска

Фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »