Press "Enter" to skip to content

Се асфалтира “Козара“ од утре “11-ти Март“ и “Панде Николов“

Денеска градежната оператива ја асфалтира улицата „Козара“ која е дел од проектот за реконструкција на четири улици кај Здравствениот дом. Претходно беше направена реконструкција на водоводната и канализационата мрежа, што беше финансирано од Министерството за транспорт. Асфалтирањето на коловозот е со средства од буџетот на Општина Битола во висина од 4 милиони денари. Должината на коловозот кој се асфалтира е 230 метри.

Деновиве (од 06.08.2026 до 10.08.2026 година ) ќе се вршат градежни работи-асфалтирање на улиците „11-ти Март“ и „Панде Николов“. Фирмата изведувач информира дека со оглед на тоа што за време на изведувањето на градежните работи ќе се движат товарни возила (камиони) кои ќе пристапуваат до градилиштето преку улиците „Јане Сандански“ и “Филип Втори Македонски“ преку пристапните влезови, се информираат граѓаните дека за време на асфалтирањето ќе има привремен прекин на сообраќајот на наведените улици. Исто така ги повикуваат граѓаните своите возила да не ги паркираат на овие улици со цел да се овозможи непречено и безбедно изведување на работите, без одложување и пречки во реализацијата на проектот.