Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: пријави за напад со остар предмет, за два физички напади, за пожар на сува трева

На 08.08.2026 во 01:40 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода 68 годишник од Скопје, со престој во Битола, затоа што со остар предмет им се заканувал на соседите и извршил оштетување на нивната влезната врата. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 07.08.2026 во 19:00 часот во СВР Битола, Ф.С.(39) од с.Лера, битолско, пријавил дека на ул.„11 Македонска дивизија” во Битола бил физички нападнат од 53 годишник од Битола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 07.08.2026 во 11:30 часот во СВР Битола, А.Т. (22) од с.Долно Оризари, битолско, пријавил дека во кафе бар во комплекс Безистен во Битола бил физички нападнат од лице Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 07.08.2026 во 13:00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Новаци забележале пожар на сува трева на место викано „Ергела“ кон с. Брод и с.Гнеотино. како и кон рудник на РЕК Битола. Известени биле СВР Битола, ТППЕ Битола и ЦУК Битола. Во 19:38 часот, од пожарот бил зафатен покрив од објект на правно лице. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.