Крка – Еурофарм Пелистер 33:34
Еурофарм Пелистер од Битола забележа и втора победа во подготвителниот период кој се одработува во Словенија. По убедливата победа над репрезентацијата на Катар, избраниците на Лино Червар ја победија екипата на Крка со 34:33.
Шанса за настап добија повеќето ракометари, а пред враќањето во Македонија, битолчани ќе одиграат уште еден меч.
Потоа ќе тренираат во Битола пред стартот на регионалната лига и двобојот со српскиот Партизан на 23 август во салата „Боро Чурлевски“.











