Press "Enter" to skip to content

Арабел Рустемовски по бронзата на Европско на прием кај градоналникот Коњановски

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски денеска организираше прием за големиот спортски успех на боксерот Арабел Рустемовски.

-Младиот боксер Арабел Рустемовски кој со бронзен медал се врати во Битола денеска го пречекав во мојот кабинет. Чест за мене, но и за Битола е што Арабел  се врати со бронзен медал од Европското првенство за боксери до 17 години, кое се одржа во Будва, Црна Гора. Ова е голем успех и за него и за нашиот град, за што сме му благодарни и ја искажав нашата определба за поддршка кон него како млад спортист. Новата боксерска сала која се гради, ќе  иде место и за него каде што ќе мпоже да ја гради својата боксерска кариера. Со ваква талентирана младина која нижи успеси само се потврдува оправданоста за вложувањата на Општина Битола во спортската инфраструктура“ објави градоначалникот Коњановски.