Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2 39:17
Попладнево во Битола во спортската сала “Боро Чурлевски“ двата битолски суперлигаши, Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2, се претставија пред битолската публика со меѓусебен пријателски натпревар со кој го одбележаа стартот на новата натпреварувачка сезона во Битола.
Веќе традиционално, со меч меѓу пелистерци и „двојката“ стартуваше уште една сезона на двата клуба, а Еурофарм Пелистер го промовира пред битолчани новиот тренер Лино Червар и “старите“ помошници“ Лембабов и Соклески.
“Двојката“ Бранисла Ангелевски и неговиот стручен штаб Мемиќ, Чантурија и Ивановски.
На последниот тест за избраниците на Лино Червар пред стартот на официјалните натпревари од Регионалната лига во недела, славеше „поголемиот брат“ со убедливи 39:17.
Пријателскиот двобој привлече голем број публика на трибините, повече од 1.000 гладачи во спортската сала „Боро Чурлевски“ иако ова беше од неофицијален карактер.
На 23 август во Битола гостува екипата на Партизан, на 26 август се игра средбата со Динамо Панчево, а Ловќен ќе биде гостин во Битола на 31 август.
Младите битолчани предводени од Бранко Ангеловски ќе ги имаат последните претсезонски проверки на турнирот „Миле Нешкоски“ во Прилеп.
Фото: Дамијана Ристевска
[ngg src=”galleries” ids=”2960″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″]










