Денес во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет Свети Николе беше потпишан договор за соработка помеѓу Славјански Универзитети и АД ЕЛЕМ – Синдикална Подружница на РЕК “Битола“.
Со договорот се воспоставува меѓусебна соработка по однос на користење на промотивни (корпоративни) пакети за студирање на сите факултети и студиски циклуси кои се реализираат на МСУ, односно користење на поволности во начинот и условите за студирање, достапни за членовите и на членови на најтесното семејстви, на оваа најголема синдикална организација на РЕК “Битола. 
Претседателот на Управниот одбор на Меѓународен Славански Универзитет Свети Николе, д-р Јордан Ѓорчев рече:
-Потпишавме довогор за соработка со Синдикатот на РЕК “Битола“ со која ја официјализираме соработка по однос на користење на промотивни (корпоративни) пакети за студирање на сите факултети и студиски циклуси кои се реализираат на МСУ. Очекуваме дека овој довогор ќе биде на обострано задоволство и ќе има полезност кај двете страни. Веруваме дека покрај овие поволности кои ќе ги имаа студентите, одсносно потенцијалните студенти дека ќе има и поволности кои ќе ги дава Меѓународен Славјански Универзитет и коорпоративните компании.
Претседателот на АД ЕЛЕМ – Синдикална Подружница на РЕК Битола – Васко Перчаковски попотпишувањето на договорот рече:
-Голем број на вработени во РЕК “Битола“ и членови на нивните семејства се студенти на Меѓународен Славјански Универзитет и ова само ќе значи продолжување на соработка со нив. Членовите на Синдикатот на РЕК “Битола“ со овој договор ќе имаат поволности на промотивни (корпоративни) пакети за студирање на сите факултети и студиски циклуси кои се реализираат на МСУ во начинот и условите за студирање и плаѓање на школарината.
Сашо Ристевски






