ЈКП “Водовод“ Битола ги известува корисниците дека поради електричен проблем на ПС “Довлеџик“, привремено е запрено снабдувањето со сурова вода. Ова може да предизвика намалување на нивото во резервоарите, пад на притисокот, а во повисоките делови и прекин во водоснабдувањето.
Екипите на ЈКП „Водовод“ – Битола, во координација со надлежните институции, работат на отстранување на проблемот.
За повторно воспоставување на редовното водоснабдување, јавноста ќе биде навремено известена.






