Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: малолетник тешко се повредил со мопед, приведување за возење без возачка, приведување за возење под алкохол

На 20.08.2026 во 22:00 часот во СВР Битола е пријавено дека во с. Будаково, општина Могила, 16-годишен малолетник од с. Будаково, управувајќи мотоцикл со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во болницата во Битола. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.      

На 20.08.2026 во 23:30 часот на ул. „Васко Карангелевски” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода М.М.(18) од Битола. При контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле мопед со битолски регистарски ознаки управуван од М.М., при што било констатирано дека го управувал без возачка дозвола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 20.08.2026 во 18:38 часот на ул.„Јане Сандански” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Ј.Д.(62) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возило „лада” со битолски регистарски ознаки, управувано од Ј.Д., при што било констатирано дека го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,57 промили алкохол во крвта. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.