Пелистер Волеј од Битола се засилува и во младинскиот состав, а во нашите редови доаѓа играч од еден од најреномираните турски клубови. Во Пелистер пристигнува одбојкарка од екипата Eczacıbaşı Sports Club – Анкара, Турција.
Азра Мујезиновиќ е родена 2010 година, во Турција и игра на позиција примач, а претходно играла на позицијата среден блокер. Таа е стандардна првотимка во U14 и U16 и со двете категории стигнува до 1/2 финале.
-Пелистер Волеј го гледам како клуб во кој можам успешно да ја продолжам мојата одбојкарска кариера во мојот нов живот во Македонија каде што можам дополнително да се развивам. Импресионирана сум од видеата од натпреварите на клубот и од настапите на тимот на теренот. Армосферата во екипата е неверојатна, а тренерите како и сите останати одлично ме прифатија уште од првиот ден. Бидејќи започнувам ново поглавје како примач, сакам да бидам дел од тимот, да учам од поискусните играчи и да ги подигнам моите способности на повисоко ниво. Во Пелистер Волеј сакам да придонесам за тимот, истовремено продолжувајќи да се развивам во играч кој во иднина ќе може да се натпреварува на уште повисоко ниво, рече Азра Мујезиновиќ.











